Под мотото „Cycling & recycling”, платформата „Skopje design week“ отвора за дизајн за решенија, со цел да да се подобри велосипедската инфраструктура, сообраќајна култура и безбедност во Скопје и поинтензивно и побезбедно користење на велосипедот во урбана средина како и подигнување на јавната свест за присутност на велосипедите во сообраќајот.
Од платформата велат дека краен рок за пријавување е 14 септември.
„На повикот може да учествуваат компании, дизајнери, дизајн студија и неформални групи, поединци кои имаат иновативни идеи со цел да се унапреди постоечката инфрасктруктура, да се зголеми користењето на велосипеди во Скопје и да се подигне свеста кај останатите учесници во сообраќајот за велосипедска култура со цел побезбеден урбан велосипедизам“, велат од платформата.
На повикот може да се пријават решенија за дизајн на велосипед, потоа помагала, додатоци, опрема, акцесоари за велосипедизам (со акцент на урбан велосипедизам) како што се кацига, ѕвонче, корпа, рачки, седиште… Исто така, за стикери, амблеми и сл. со ефекти за зголемување на видливоста на велосипедот/ велосипедистот преку ден и ноќе. Потоа, за стикери, амблеми и сл. со пораки кои ќе придонесат за зголемување на свеста кај граѓаните за безбедно учество на весолипедисти во сообраќајот, но и за паркиралиште за велосипед во јавен простор (тротоар и сл) кој претставува предизвик во поглед на зафатнина на јавниот простор, како и иновативен начин на складирање и транспорт на велосипеди.
Повеќе информации за изборот на решенијата, критериумите и наградата, може да се видат ТУКА.
Инаку, организатор е Јавна соба, а се спроведува во соработка со Стопанска банка.