Бијонсе e многу слушана во Судан, Бразилецот и текстописец Родриго Амаранте е славен во Узбекистан. Лео Сеер е популарен во Перу. Ова се некои изненадувачки резултатите од проектот на БиБиСи кој преку апликацијата Shazam ги собира податоците за музиката што луѓето низ светот ја бараат преку мобилните телефони.
Податоците од Shazam – компанија која им помага на своите 100 милиони корисници да ја идентификуваат било песна преку пуштање извадок од неа, покажале дека песната Hello на Адел е најчесто пребарувана на глобално ниво. Ова според дел од корисниците , се должи на тоа што дел од нив вака се обидуваат да ги пронајдат стиховите , појаснува БиБиСи. Оваа песна остана во Shazam топ 10 хитови во 2578 градови, во ноември, минатата година или во повеќе од половина од 4.900 локации кои биле споредувани со апликацијата.
Можеби како резултат на тоа, песната со истото име од Лајонел Ричи, стана една од најпребаруваните во Ангола и Иран. Меѓу најпопуларните песни се и Lean On на Mејџер Лејзер (во топ 10 на 1 062 локации) и Hotline Bling на Дрејк (777 места).
Податоците сликовито го покажуваат глобалното влијание на западната поп култура со музичари како Меган Tреинор, Калвин Харис, Тејлор Свифт и Дрејк кои се пребаруваат во државите како Бангладеш, Кина, Казахстан и Перу. Оние музичари пак кои не пеат на англиски јазик остануваат главно локални ѕвезди. Руската ѕвезда Моте, на пример, се најде во топ 10 песни, во голема мера благодарение на хит песната „Everything“ , но пребарувањате беа ограничени на Русија, Грузија и Киргистан.
Според апликацијата на БиБиСи за „ градови музички близнаци“ направена според најчесто пребаруваните песни на Shazam, Скопје е град – близнак во музичка смисла со Пекинг.