„Скопје комеди“, по повод Денот на комедијата на 18-ти февруари, организира стенд-ап шоу со пет комичари.
Во МКЦ Клуб Ресторан доаѓа Никола Радојловиќ од Белград, за прв пат пред скопската публика, да се претстави со неговиот нов комичен материјал наречен „Мала Непријатност“. Тој е член на standup.rs повеќе години и е добро познат на Белградската сцена.
„Никола е еден од ретките слепи комичари на Балканот, а кога во интервју го прашуваат зошто решил да се занимава со комедија тој вели дека тоа е зашто не сака да биде духовит по секоја цена“, стои во најавата.
Публиката ќе има можност да ги проследи и настапите на уште четири домашни стенд-ап комичари кои ќе и се претстават на публиката со BEST OF материјал, селектиран по многу нивни настапи.
Настанот започнува во 20:30 часот, а билетите чинат 400 денари. Тие може да се набават на mktickets.mk и во продажната мрежа на МКТикетс.