Дводневен фестивал со наслов „Skopje Street Festival“ ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Градскиот парк во Скопје.
Според организаторите, „под отворено небо, Скопје ќе ги здружи своите маала, ќе ги придвижи улиците и ќе ги соедини младите на едно масовно урбано будење. Преку креативност, интеракција и музика сакаме заедно со вас да го изградиме социјалниот и емотивниот капитал за да го трансформираме градот во една супер урбана средина. Затоа го создадовме Skopje Street Festival 2013 – подиум на урбана улична уметност“.
Ќе бидат отворени повеќе подиуми: графити, скејт, блејд, бајк, музички и едукативен, а настанот ќе се обиде и да ја подигне свеста за мултиетничката толеранција на улиците во градот.