Скопската обиколница останува затворена за сообраќај во периодот кога е најголемиот сообраќаен метеж во главниот град. Како што соопштуваат од продукциската куќа „Шик Филмс“ (Chic films) и Мануфактура продукција, од 5 до 10 октомври, од 5 часот до 18 часот, ќе биде обиколницата повторно ќе биде затворена за сообраќај за потребите на снимањето на францускиот филм „А Фонд“.
Според првичните најави, обиколницата требаше да биде затворена од 3 до 28 септември. Уште со првиот ден од затворањето на обиколницата, направено на самиот старт на учебната година кога повторно почнуваат гужвите низ градот, граѓаните се жалеа на неподносливиот метеж и гужва. Сите камиони и сообраќај кој во текот на денот транзитираше по обиколницата, сега се слеа во центарот на градот или во неговата близина.
Според најавите, француската продукциска куќа на државата треба да и плати околу 285 000 евра, од кои дел ќе се трошат за реконструкција на стариот пат Велес – Градско, преку кој ќе биде пренасочен сообраќајот, а дел ќе бидат префрлени средства кои би се инкасирале од патарините доколку обиколницата би била отворена. Оштета за изгубените нерви на граѓаните поради метежот во главниот град не е предвидена.