Скопскиот џез фестивал организира џез-матине на кое ќе бидат промовирани новите календари за 2023 година со концерт на Јордан Костов и пријателите.
Настанот ќе се одржи во барот „Макка“ денес, на 14 јануари, со почеток во 13 часот. Влезот е бесплатен.
„Календарот содржи фотографии од 41. Скопски џез фестивал, овековечени низ објективот на брилијантниот словенечки фотограф Зига Коритник“, соопштуваат организаторите.
Музичката програма ќе ги претстави Јордан Костов на хармоника, Андреа Мирчевска на контрабас и Доријан Јовановиќ – stick, ефекти.