Од денеска (30 март) почнува летниот распоред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје и ќе трае до 25 октомври.
Распоредот на летање го објавија и на нивната Фејсбук страница, каде може да се види дека граѓаните ќе можат да летаат на вкупно 47 авиолинии, односно на 42 различни дестинации од и до Скопје.
Исто така, од и до скопскиот аеродром има 10 чартер авиолинии во летниот распоред на летање.
Деталите за дестинациите, авиокомпаниите и фреквенциите на летовите може да ги најдете на официјалната веб-страница на аеродромот.