Тројца уметници вечерва во Музеј на Град Скопје ќе се претстават со својот уметнички проект насловен „Скопските вертикали“.
Станува збор за истражувачки проект кој има за цел да придонесе за повторната видливост на еден од заборавените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина.
Во основа на истражувањето, како што велат уметниците Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков, е исто така желбата за подетално проучување на скопските висококатници,
Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои припаѓаат на периодот од 1950 год. сè до доцните 80-ти години од минатиот век, кој истовремено е и најдинамичен период од историјата на развојот на Скопје. Потпирајќи се на доволната историска дистанца која дозволува објективно согледување на заемното влијание на општествено-пол
Покрај изложбата ќе има и промоција на публикација.
Настанот ќе започне во 20 часот.