Скопското астрономско друштво организира нов циклус предавања за најинтересните астрономски теми. Предавањата ќе се одржуваат секој четврток од 17 октомври до 5 декември со почеток во 20 часот, во барака 3 на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
На нив може да присуствуваат сите заинтересирани лица кои би сакале да слушнат повеќе за црните дупки, кометите кои ќе можат да се видат во текот на ноември, ќе се даде одговор на прашањето зошто не можеме да го видиме Млечниот пат од Скопје и многу други интересни теми.
Цената за секое предавање е по 100 денари, односно по 50 денари за студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Темите и распоредот за предавањата се следни:
17 октомври – Вонземски интелигенции?
24 октомври – XXL Комети во ноември
31 октомври – Црни дупки – на работ на мистеријата
07 ноември – Зошто не го гледаме Млечниот Пат од Скопје?
14 ноември – Нуклеарки и радијација
21 ноември – Антички опсерватории
28 ноември – Патување низ минатото со брзина на светлината
05 декември – Од врели Јупитери до супер Земји – преглед на егзопланетарни системи.
Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии.