Струите во Атлантскиот Океан кои се мотор на климата на северната хемисфера, може да ослабнат до тој степен што наскоро би можеле да настанат големи глобални временски промени, покажува научна студија, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Северноатлантската меридијанска циркулација (АМОЦ) е голем систем на океански струи кој што носи топла вода од тропските предели до северот на океанот.
Како што се загрева атмосферата поради зголемувањето на емисиите на стакленички гасови, под површината на океанот се задржува се повеќе топлина и потенцијалениот колапс на системот може да има сериозни последици за временските системи во светот.
Климатските модели покажаа дека АМОЦ е најслаба во последните 1.000 години.
Меѓутоа, не е познато дали ваквото слабеење се должи на промена на циркулацијата или поради недостаток на стабилност.
Студијата објавена во магазинот „Nature Climate Change“ покажува дека ова е суштинска разлика.