Слободен индекс започнува кампања за бесплатно образование

Со почетокот од 17:00 часот, денеска во големиот амфитеатар на Филозофски факултет во склоп на обележувањето на Интернационалниот ден на студентот, Слободен индекс ќе оддржи настан со кој официјално ќе започне кампања за бесплатно образование.

Слободен индекс започнува кампања за бесплатно образование

Од Слободен индекс најавуваат презентација на резултатите од нивното истражување за бесплатно образование, презентација на истражувањето за најголемите студентски протести и методите на борба искористени за време на тие протести на Маријана Јанческа, проекција на активистички видео клипови.

На настанот ќе се одржи и дискусија за тоа зошто студентите плаќаат толкави давачки,  дали има револт и волја за активирање, како да се активираат студентите и што може да добијат од активизмот.