Од октомври, па сè до мај 2022 година, секој прв ден во месецот, влезот во музеите и локалитетите кои се под надлежност на НУ Завод и Музеј – Охрид ќе биде слободен.
Ова значи дека граѓаните ќе може да ги посетат бесплатно Самуиловата тврдина, Галеријата на икони, Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Музејот на вода – Градиште секој прв ден во месецот.
Од НУ Завод и музеј Охрид се надеваат дека на овој начин сите кои досега не ги посетиле овие локалитети и музеи, ќе може да го сторат тоа во посочениот ден од месеците.