Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина синоќа била евтаназирана поради старост.
Од Скопје ЗОО велат дека ваквата одлука била во консултација со тројца лекари од Белгија кои констатирале дека здравствената состојба на слоницата е влошена.
„Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница. Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем“, додаваат оттаму.
Инаку, Дуња најголемиот дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус. Со забраната за користење на животни во циркусни точки, Дуња заедно со слоницата Даела биле пренесени во парк за слонови во Белгија. Таму се констатирало дека двете слоници нема да можат да живеат во социјална група со други слонови поради трауматичното минато. Оттаму двете слоници беа донесени во скопската Зоолошка градина.