Словачките пратениците ја отфрлија Конвенцијатата на Советот на Европа за правата на жените. Во парламентот со 150 места, 96 од присутните 113 пратници гласаа да се отфрли ратификацијата на договорот познат како Истанбулска конвенција, пренесува „Н1“.
Документот го усвои Советот на Европа во 2011 година, во обид да се бори против насилството врз жените и семејното насилство низ Европа.
За отфрлање на конвенцијата биле ултранационалистичката „Словачка национална партија“, членка на владејачката коалиција со поддршка на владејачката партија, левичарската „Смер-социјална демократија“. Нивните пратениците исто така ја повикаа претседателката Зузана Чапутова да го извести Советот на Европа дека Словачка ќе остане надвор од договорот.
Опозициската екстремно десничарска „Народна партија – наша Словачка“ исто така гласаше против.
Противниците на конвенцијата во Словачка, каде најголем дел од граѓаните се католици, велат дека некои одредби во конвенцијата го кршеле уставот на Словачка, на пример затоа што уставот го опишува бракот како унија на маж и жена.