Словенечкиот Уставен суд, во понеделникот донесе пресуда според која владината одлука за задолжителното вакцинирање на државната администрација не e согласна со Уставот.
Според одлуката на Владата, вакцинацијата беше задолжителна за административните работници и без неа тие не можеа да одат на работното место. Алтернативата вклучуваше и доказ за прележаност на вирусот.
Одлуката беше донесена од владата на Јанез Јанша во септември, но не стапи на сила бидејќи синдикатите побараа од Уставниот суд да ја провери уставноста на одлуката.
Во пресудата, судиите рекоа дека наметнувањето на вакцинацијата или закрепнувањето од болеста како услов за доаѓање на работа е исто како вакцинацијата да биде задолжителна за вработените.
Според пресудата, такво нешто не може да биде пропишано со подзаконски акти или владини одлуки, туку со закони. Во овој случај работата треба да се реши со измена на државниот акт за заразни болести.