Со симболично притискање на црвеното копче, премиерот на Словенија, Јанез Јанша, вчера во Марибор го пушти во употреба суперкомпјутерот „Вега“, проект вреден 17,2 милиони евра, главно финансиран преку средства од Европската Унија.
Уредот има моќност од 6,9 петафлопови, што е од прилика слично како 50.000 персонални компјутери кои паралелно би работеле на иста операција.
„Мило ми е што Словенија со ова се става рамо до рамо со светските велесили на подрачјето на информациски технологии“, рекол Јанша, пренесува Ал Џазира Балканс.
Суперкомпјутерот е поставен во просториите на Институтот за информациски науки во Марибор и треба да користи на домашни и меѓународни научници. Името го добил по математичарот и физичарот Јури Вега кој живеел во 18-тиот век.
Во светот моментално само 13 држави имаат посилен суперкомпјутер од „Вега“, објаснува Алеша Бошњак, директор на Институтот.
„Моќноста на нашиот суперкомпјутер е веднаш за капацитетот на Велика Британија, а подобар од Русија, изјавил проректорот на мариборскиот универзитет, Зоран Рен.