Словенија со закон го забрани величењето на фашизмот и нацизмот, казните се од 500 до 1.000 евра

Парламентот во Словенија ги изгласа измените на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кои се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот, јавува Евроњуз.

„Забраната се однесува на држави, организации и групи, односно знамиња, обележја, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот“, пишуваат медиумите во Словенија.

Следствено, заедно со словенските соработници на фашистичките сили, на листата на забранети се најдоа и четниците и усташите.

Пропишаните казни се од 500 до 1.000 евра.

Законот го предложија парламентарните клубови Свобода, СД и Левица, а во него се наведува дека забраната за величање на нацизмот и фашизмот е регулирана во повеќето демократски земји.