Слушачката промоција на новиот албум на Пики и Вуиса, насловен „Детска соба“, ќе се одржи на 22 декември, петок, во скопскиот локал „Краш Бар“.
Настанот ќе започне во 21 часот, а Пики и Вуиса истакнуваат дека „Детска соба“ нема удварачко распејавање, а нема ни вбризгат шприц за апатичка позитива без супстанца.
„Не е конвенционален рап такозван штафета рап, а не е ни многу 2023/4 матрицо дружељубив. Што е?
Со оправдано задоцнување, прерано пристига албумов за нашето чекање на вашето изџвакување, паралелно одолевајќи ѝ на памфлет музиката“, продолжуваат тие.