Во култното „Олд Скул“ во Скопје, денеска (недела, 14 јануари) од 20:30 часот ќе се случи слушачка промоција на албумот „Венту Етерну“ на рокенрол составот „Ширшаја“.
Се работи за втор албум на „Ширшаја“, откако Влатко Митревски – Зајче и екипата во 2021 го издадоа истоименото деби, музика што влечеше влијанија од култни македонски бендови, од онаа дарквејв и пост-панк движење на состави како „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“…
Но, дечките внесуваа и повеќеслоен инструментариум што создаваше современа звучна слика, испреплетена меѓу минатото и сегашноста – со доза мистика од византиското, источното, додека сајзерот беше тој модерен белег што ги издвојуваше и дефинираше како „Ширшаја“.
Составот е формиран во 2019 година.