Бендот „Red18“ најавува слушачка промоција на нивниот прв албум, „Red18’s Grit“ во сабота (3 декември) во „Woodstock Beer Bar“.
„Ние сме нов бенд од Скопје. Најважно за нас е да не се ограничуваме жанровски, само да создаваме музика што вие (нашите потенцијални фанови) ќе ја обожавате“, велат од „Red18“.
Скопскиот бенд неодамна ја објави своја прва песна со спот „Kingdom of Lies“, а албумот „Red18’s Grit“ е достапен за слушање на платформите Јутујб и Спотифај.
Слушачката промоција ќе започне во 21:00 часот, а од бендот најавуваат дека тогаш ќе може да се купат маички и стикери со логото на бендот. Гостин на промоцијата ќе биде соло проектот „Димиш“ на тапанарот на бендот Иван Димишков – Димиш.