Слушачка промоција на првото издание на „Авелина“ со наслов „Од екот на предокот“ ќе се одржи утре (29-ти март) во „Lounge bar Yard“ во Куманово.
Авелина е уникатен неофолк бенд од Македонија започнат како соло проект на Сара Александровска (вокал и тамбура). Непосредно по раѓањето на идејата, Сара го запознава Воислав Пехчевски (кој свири џембе) и нивната заедничка љубов кон музиката доведува до меѓусебно пријателство и формирање бенд.
Истражувајќи ги корените на македонскиот фолклор во потрага по музичка инспирација и поврзаност помеѓу современите музички трендови и традиционалните народни мотиви, заедно откриваат мноштво изненадувачки сличности и разлики кои ја истакнуваат уникатноста на македонскиот фолклор. Ова е токму она што може да се најде во песните на „Авелина“, бенд што се обидува да ги замагли границите и да гради мостови што ќе ги поврзат традицијата и современиот живот.
Приклучувањето на Дамјан Поповски (тамбуроа 2), Деа Плевнеш (Пперкусии) И Бојан Лазаревски (вокал и Synth) резултираше со создавање опус на традиционални звуци и варијации на магични мелодии. Со ова, проектот Авелина конечно го добива својот конечен состав.
Настапите на Авелина се разновидни, со концерти и интерактивна музичка медитација каде што публиката е поканета да се приклучи во мантричното пеење заедно со бендот. Промоцијата се организира според протоколи за заштита од КОВИД 19.