Утре (8 ноември), во Младинскиот културен центар во Скопје ќе има слушачка промоција на третиот по ред студиски албум на групата „Зулу 3.4“ насловен „Fragments“.
Овој настан ќе биде збогатен со изложба на омотите и дизајните на Наско Џорлев и фотографиите на Стефан Рајхл направени низ годините за потребите на бендот.
„Ова понеделничко културно збиднување кое што ќе се одвива во горната галерија во МКЦ (над бифето) ќе биде пропратено со изненадувања кои ќе можат да ги посведочат само присутните гости“, најавуваат од „Зулу 3.4“ .
Промоцијата е најавена како тричасовен настан кој започнува во 17 часот.
Во меѓувреме, во продолжение слушнете дел од нивниот втор албум „Еxpandability“ кој беше издаден во март, 2020 година: