Двајца афирмирани електронски артисти – 23-годишната Maya Jane Coles и израелскиот маестро Guy Gerber деновиве издадоа ЛП-албуми. Младата Британка/Јапонка го претстави своето дебитантско издание, „Comfort“, на кое гостуваат Kim Ann Foxman, Karin Park, Nadine Shah и Alpines, меѓу другите. Критичарите веднаш го оценија новиот албум на Coles како едно од најдобрите деби-изданија на годината.
Од друга страна, албумот на Guy Gerber, насловен „Who’s Stalking Who“ е колекција на необјавена музика, која авторот ја направи достапна за бесплатно симнување. Албумот е правен во девет различни земји, во паузите меѓу настапите на Gerber, кој е еден од најактивните светски диџеи.