Холандскиот електронски музичар Boris Bunnik, во техно-светот познат како Conforce, оваа недела го издава својот четврти ЛП албум.
Во новото издание, со наслов „Presentism“, Conforce останува верен на својот стил – мрачен и експериментален, органски техно звук, со кој Холанѓанецот се избори за место во андерграунд елитата.
Пред официјалното издавање, албумот, кој ќе излезе на издавачката куќа Delsin Records, е достапен за преслушување ексклузивно на Resident Advisor.