Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Младиот Мартин Крстиќ е информатичар во Општина Куманово. Од 5 мај минатата година истовремено ја врши и позицијата службеник за млади во оваа институција.
Со него разговаравме во општинската сала во градот, бидејќи за неговата позиција сè уште нема канцеларија каде што работи. Оптимистично раскажува за неговата функција. Вели дека младите добиле свој партнер кој ќе биде мостот помеѓу нив и институциите. Целта на службеникот е младите луѓе да го контактираат за било каква соработка, барање, идеја или иницијатива.
„Службеникот за млади ќе служи за комуникација, односно ќе ги спојува институцијата во која е службеник за млади и младите луѓе во градот“, објаснува Крстиќ.
Овие службеници се предвидени во Законот за младинско учество и младински политики или накратко Законот за млади кој беше донесен пред две години. Во него се предвидуваа совети, собранија, стратегии, канцеларии и центри на локално ниво, а бројни општини пробија некои од роковите за имплементација.
Освен годишни извештаи за работата на институциите во делокруг на младите, како и објаснувањето дека тоа ќе биде лице одговорно за работење на канцеларијата, Законот прецизно не предвидува други работни обврски за службеникот за млади.
Годишен извештај за работата на институцијата, како за сите останати, предвиден е и за Општина Куманово. Сепак, тој сè уште не е изготвен. Крстиќ објаснува дека Агенцијата за млади и спорт го побарала тоа од нив и најави дека ќе биде испратен. Во него, Крстиќ објаснува дека ќе биде вметнат и делот дека во Куманово е отворен младинскиот центар.
Но и Крстиќ уверува дека нивните работни обврски не се точно дефинирани.
„Сега од почеток на март ќе ја отвориме канцеларијата за млади, тоа ќе биде канцеларија каде што ќе бидам сместен јас како службеник за млади и ќе биде место, кое ќе биде отворено за млади луѓе. Затоа што имаме и одредена просторија која е опремена со техничка опрема каде што ќе можат младите да си завршат некоја своја обврска, ако имаат некое барање до нас, ако институцијата може да им излезе во пресрет да споделат своја идеја, да покренат некоја иницијатива. Младите луѓе и тоа како можат да покренат една убава иницијатива“, објаснува Крстиќ.
Важноста на ваквата позиција според него е затоа што треба да се доближи институцијата до младите луѓе, но и обратно. Истовремено, за да се најде и начин како да се привлечат младите и активно да се вклучат во процесот на носење одлуки на локално ниво.
„Утре ние ќе останеме да живееме во овој град и треба да си го креираме онаков каков што ние сакаме да го гледаме, со наши идеи, предлози и проекти, да пробаме да придонесеме за ова општество, за општината“, додава Крстиќ.
Службеникот за млади посочува дека јавноста и младите сепак не се запознаени дека постои ваквата позиција, но и дека сепак имаат воспоставено комуникација со некои млади луѓе кои се обратиле до општината. Законот пак предвидува контакт информациите на службениците да се јавно достапни преку гласилата на институциите.
„Имаше случаи кога имаше барање до општина, но тие не беа запознаени дека постои службеник за млади, па беа препратени до мене, но имаше и случаи каде што тие беа запознаени дека постои службеник за млади и се обратија. Имаме реализирано една трибина на отворено тука во Општина Куманово, на градскиот плоштад, исто така младите се обратија до мене како службеник за млади, и им овозможивме да се организира трибината“, вели Крстиќ.
„Имавме барања од одредени младински и невладини организации за одредени услуги, не само од Општина Куманово, туку и од други институции кои се на територија на Општина Куманово, и јас сум човекот, службеникот за млади кој треба да ја доближи таа институција до самите млади луѓе и организиравме средби и соработки со истите“, додава Крстиќ.
Сепак, според него, сè уште треба да се работи на промоција на оваа позиција, и не само за службениците, туку и за канцеларијата за млади, младинскиот центар, како и локалниот младински совет.
„И јавноста и младите луѓе не се доволно запознаени и сè уште не ги разграничуваат, кој е што е, што е младински центар, што е канцеларија за млади, каде е службеникот за млади, каде може да им помогне. Ние работиме на поставување на едно копче на официјалната страна на Општина Куманово – контактирај го службеникот за млади“, најави Крстиќ.
Младите во Куманово пак, тој вели дека сакаат да учествуваат, да се вклучуваат во одредени процеси и покажуваат интерес за општествениот живот.
„Се вклучуваат преку мене, сакаат да остварат комуникација. Сите сакаат да дојдат, и организации и млади луѓе сакаат да остварат средба со градоначалникот, со секретарот на Општина Куманово. Сè уште позицијата службеник за млади не ја препознаваат, не ја прифаќаат, но и постарите колеги, и јавноста и младите луѓе треба да сфатат дека тоа е реалност, треба да не искористат нас, мене како службеник за млади, младинскиот центар и канцеларијата за млади како алатки со кои може да се доближат до оваа институција и до другите институции… дали со цел да си завршат одредена своја работа или да придонесат преку некои идеи, проекти и слично во општеството“, нагласува Крстиќ.
Тие, вели дека се моменталната движечка сила за промена на светот и се мостот помеѓу сегашноста и иднината и затоа се клучни во остварување на општествените промени.
„Ги повикувам сите млади луѓе да бидат гласни и борбени за нашите идеи, да се вклучиме во процесите, да даваме иницијативи и да го искажуваме својот став, за да се избориме за подобро утро и општеството да го градиме по мерка на нас, младите луѓе“, порачува Крстиќ.
Законот не предвидува казнени одредби, а пробива рокови
Иако во Законот за млади донесен на почетокот од 2020 година се наведува дека во рок од една година треба да бидат назначени службеници за млади, тоа не го сториле 24 општини или речиси една третина од општините, според последните информации на Агенцијата за млади и спорт (АМС) објавени во ноември, минатата година. Сепак, тоа не е случај за останатите институции каде се назначени службеници за млади во органите на државната управа.
Блажен Малески, кој е еден од активистите вклучен во носењето на законот, вели дека општините морале и треба да го сторат тоа во најкраток можен рок. Тој посочува дека тоа треба да се направи за да можат да се канализираат сопствените младински приоритети кон младите кои живеат во општините, а истовремено младите да добијат извор на информации што прават општинските институции за младите.
Но, сепак, законот не предвидува никакви казнени одредби за непочитување на овој дел од одредбите.
„Во рамки на креирањето на самото законско решение беше јасно дека се креира еден генерален систем и костур на политики што треба да се почитуваат како елементарен основ, а не како максима сама по себе. Односно, не е доволно само да се почитува и спроведува законот, туку треба да се вложат и дополнителни напори во однос на политиките за млади, а законот да биде минимум основата за истите“, вели Малески.
Малески вели дека законот е направен за доброто на младите и нивниот пристап кон институциите и генералното младинско учество. Па оттука, тој додава дека неимплементирањето на законот треба да следи со политичка казна, за тие што не го почитуваат, а не со материјална или кривична одговорност.
Контакт информациите на службениците за млади е предвидено да се јавно достапни преку гласилата на органите на државната управа и општините. Малески вели дека кај поголем дел од државните институции била испочитувана оваа одредба.
„Од она што до сега можам да го забележам, контактите се достапни и на самите веб страници, но и во форма на листа која е споделена од страна на Владата на Република Северна Македонија. Сепак, нормално е дека треба да има поголема видливост на службениците, пред сè за младите полесно да можат да стапат во контакт со нив“, смета тој.
Законот проби дел од своите рокови, дециден е Малески. Пред сè, тоа може да се види во рокот за креирање на нова стратегија за млади на државно ниво, кое доцни неколку месеци, вели тој.
„Дополнително, локалните младински совети во општините, службениците за млади во одредени општини што не се назначени и слично. Сепак, треба да разбереме и дека ова е целосно нов пристап во работата за јавната администрација, што не треба да е оправдување за доцнењето, но треба да бидеме реални во нивните капацитети и ресурси на располагање“, додава Малески.
Јован Јаулески е исто така еден од младите кој беше вклучен во носењето на законот. Од позиција на пратеник во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој за Радио МОФ вели дека законот претставува добра основа за вклучување на младите во процесот на донесување одлуки од локално и национално значење за прашањата кои ги засегаат.
Но, додава дека „како и за многу други области и за законот важи фамозната оценка ‘регулатива на хартија има, но не се применува во целост’“.
„Верувам дека по промената на локалната власт, насекаде ќе се формираат и ќе профункционираат локалните младински совети, но и единиците на локалната самоуправа ќе ги исполнат другите обврски согласно законот. Тука пред сè мислам на службениците за млади, канцеларијата за млади, младинските центри, стратегијата за млади итн“, вели тој.
Истовремено, тој е дециден дека младите имаат недоверба во институциите, а тоа го смета за една од причините за недоволен интерес да се вклучат во телата кои се формираат со законот.
„Сметам дека треба заедничка акција на сите инволвирани институции, локална самоуправа и централна власт, за промоција на Законот и начините на вклучување на младите во одлуките кои се однесуваат на нив“, дециден е тој.
На локално ниво, Законот за млади меѓудругото предвидува формирање канцеларија за млади најдоцна во рок од една година, најмалку еден младински центар во рок од пет години, како и да се определат службеници за млади во рок од една година од денот на влегување во сила на законот. Истовремено, се предвидува и формирање локални младински совети во рок од една година.
Мартин Колоски
-
Nëpunës për të rinjtë – “ura” ndërmjet të rinjve dhe institucioneve, që nuk ekziston në shumë komuna
I riu Martin Krstiq është specialist i TI-së në Komunën e Kumanovës. Nga 5 maji i vitit të kaluar, ai ka mbajtur edhe detyrën e nëpunësit të të rinjve në këtë institucion.
Me të kemi biseduar në sallën e komunës në qytet, sepse për postin e tij ende nuk ka zyrë ku ai punon. Ai është optimist për funksionin e tij. Ai thotë se të rinjtë fituan partnerin e tyre që do të jetë ura lidhëse mes tyre dhe institucioneve. Qëllimi i nëpunësit është të kontaktojë me të rinjtë për çdo bashkëpunim, kërkesë, ide apo iniciativë.
“Nëpunësi rinor do të shërbejë për komunikim, gjegjësisht do të bashkojë institucionin në të cilin është nëpunës për të rinj dhe të rinjtë në qytet”, shpjegon Krstiq.
Këta zyrtarë parashihen në Ligjin për pjesëmarrjen rinore dhe politikat rinore ose shkurt Ligjin për të rinjtë, i cili është miratuar dy vite më parë. Në të parashikon këshilla, kuvende, strategji, zyra dhe qendra në nivel lokal, dhe një numër komunash thyen disa nga afatet për zbatim.
Përveç raporteve vjetore për punën e institucioneve në fushën e të rinjve, si dhe shpjegimit se do të jetë personi përgjegjës për punën e zyrës, Ligji nuk parasheh saktësisht përgjegjësi të tjera të punës për nëpunësit rinor.
Raporti vjetor për punën e institucionit, si për të gjitha të tjerat, është siguruar për Komunën e Kumanovës. Megjithatë, ende nuk është përgatitur. Krstiq sqaron se Agjencia për Rini dhe Sport ka kërkuar një gjë të tillë dhe ka njoftuar se do të dërgohet. Në të, Krstiq sqaron se do të përfshihet edhe pjesa se qendra rinore është hapur në Kumanovë.
Por Krstiç siguron gjithashtu se përgjegjësitë e tyre të punës nuk janë të përcaktuara saktësisht.
“Tani nga fillimi i muajit mars do të hapim zyrën për të rinjtë, do të jetë një zyrë ku do të vendosem unë si nëpunës rinor dhe do të jetë një vend që do të jetë i hapur për të rinjtë. Sepse kemi hapësirë të caktuar që është e pajisur me pajisje teknike ku të rinjtë mund të kryejnë disa nga përgjegjësitë e tyre, nëse kanë një kërkesë për ne, nëse institucioni mund tu dalë në ndihmë të ndajnë idenë e tyre, për iniciojnë ndonjë nismë. “Të rinjtë mund të ndërmarrin iniciativë të bukur”, shpjegon Krstiq.
Sipas tij, rëndësia e këtij pozicioni është sepse institucioni duhet të jetë më afër të rinjve dhe anasjelltas. Njëkohësisht, të gjendet një mënyrë për të tërhequr të rinjtë të përfshihen në mënyrë aktive në procesin e vendimmarrjes në nivel lokal.
“Nesër do të qëndrojmë të jetojmë në këtë qytet dhe duhet ta krijojmë ashtu siç duam ta shohim, me idetë, propozimet dhe projektet tona, të përpiqemi të kontribuojmë për këtë shoqëri, për komunën”, shtoi Krstiq.
Nëpunësi për të rinjtë tregon se opinioni dhe të rinjtë ende nuk janë në dijeni se ekziston një pozicion i tillë, por edhe se kanë vendosur komunikim me disa të rinj që i janë drejtuar komunës. Ligji parashikon që të dhënat e kontaktit të punonjësve të jenë të disponueshme për publikun përmes mediave të institucioneve.
“Ka pasur raste që ka pasur kërkesë në komunë, por ata nuk ishin të njoftuar se ka nëpunës për të rinjtë, kështu që janë dërguar tek unë, por ka pasur edhe raste të cilit ishin në dijeni se ka zyrtar rinor dhe kanë kërkuar ndihmë. Kemi realizuar një tribunë të hapur këtu në Komunën e Kumanovës, në sheshin e qytetit, po ashtu të rinjtë më janë drejtuar mua si nëpunës rinor dhe ua kemi mundësuar organizimin e tribunës”, thotë Krstiq.
“Kemi pasur kërkesa nga disa organizata rinore dhe joqeveritare për shërbime të caktuara, jo vetëm nga Komuna e Kumanovës, por edhe nga institucionet tjera që janë në territorin e Komunës së Kumanovës, dhe unë jam njeriu, nëpunësi për të rinjtë që duhet ta afrojmë atë institucion tek të rinjtë dhe kemi organizuar takime dhe bashkëpunim me ta”, shton Krstiq.
Megjithatë, sipas tij, ka ende punë për të bërë për të promovuar këtë pozitë, jo vetëm për nëpunësit, por edhe për zyrën për të rinjtë, qendrën rinore, si dhe këshillin rinor lokal.
“Si publiku dhe të rinjtë nuk janë të njohur sa duhet dhe ende nuk dallojnë kush është çfarë, çfarë është qendër rinore, çfarë është zyra rinore, ku është nëpunësi për të rinjtë, ku mund tu ndihmojë. Punojmë në vendosjen e një butoni në faqen zyrtare të Komunës së Kumanovës – kontaktoni zyrtarin për të rinj”, tha Krstiq.
Të rinjtë në Kumanovë, thotë ai, duan të marrin pjesë, të përfshihen në procese të caktuara dhe të tregojnë interesim për jetën shoqërore.
“Ata përfshihen përmes meje, duan të komunikojnë. Të gjithë duan të vijnë, organizatat dhe të rinjtë duan të takohen me kryetarin e komunës, sekretarin e Komunës së Kumanovës. Pozicionin e nëpunësit për të rinjtë ende nuk e njohin, nuk e pranojnë, por edhe kolegët e moshuar, si publiku ashtu edhe të rinjtë duhet ta kuptojnë se ky është realitet, duhet të na përdorin neve, mua si nëpunës rinor, qendrën rinore dhe zyrën rinore si vegla me të cilat mund të afrohen më shumë me këtë institucion dhe institucionet e tjera… qoftë për të kryer një punë të tyre apo për të kontribuar përmes disa ideve, projekteve e të ngjashme në shoqëri”, thekson Krstiq.
Ata thonë se janë forca lëvizëse aktuale për ndryshimin e botës dhe janë ura lidhëse midis së tashmes dhe së ardhmes dhe për këtë arsye janë kryesorë në arritjen e ndryshimeve shoqërore.
“U bëj thirrje të gjithë të rinjve të jenë të zëshëm dhe të luftojmë për idetë tona, të përfshihemi në procese, të japim iniciativa dhe të shprehim qëndrimin tonë, të luftojmë për një të nesërme më të mirë dhe të ndërtojmë shoqëri të përshtatur për ne të rinjve”, thotë Krstiq.
Ligji nuk parashikon dispozita penale, ndërkaq thyen afate
Edhe pse Ligji për të rinjtë i miratuar në fillim të vitit 2020 thotë se zyrtarët për të rinjtë duhet të emërohen brenda një viti, 24 komuna ose pothuajse një e treta e komunave nuk e kanë bërë një gjë të tillë, sipas informacioneve të fundit nga Agjencia për Rini dhe Sport (ARS) të publikuara në nëntor të vitit të kaluar. Megjithatë, ky nuk është rasti për institucionet e tjera ku emërohen nëpunës rinor në organet e administratës shtetërore.
Bllazhen Maleski, i cili është një nga aktivistët e përfshirë në miratimin e ligjit, thotë se komunat është dashur dhe duhet ta bëjnë këtë sa më parë. Ai thekson se kjo duhet bërë në mënyrë që të mund t’i kanalizojnë prioritetet e tyre rinore tek të rinjtë që jetojnë në komuna, dhe në të njëjtën kohë të rinjtë të marrin një burim informacioni çfarë bëjnë institucionet komunale për të rinjtë.
Megjithatë, ligji nuk parashikon ndonjë dispozitë penale për mosrespektim të kësaj pjese të dispozitave.
“Në kuadër të krijimit të vetë zgjidhjes ligjore ishte e qartë se po krijohet një sistem i përgjithshëm dhe skelet ii politikave që duhen respektuar si bazë elementare, dhe jo si maksimë në vetvete. Domethënë, nuk mjafton vetëm respektimi dhe zbatimi i ligjit, por duhet bërë përpjekje shtesë në lidhje me politikat rinore ndërsa ligji të jetë baza minimale për to”, thotë Maleski.
Maleski thotë se ligji është bërë për të mirën e të rinjve dhe qasjen e tyre në institucione dhe pjesëmarrjen e të rinjve në përgjithësi. Ndaj ai shton se moszbatimi i ligjit duhet të pasohet me ndëshkim politik, për ata që nuk e respektojnë dhe jo me përgjegjësi materiale apo penale.
Të dhënat e kontaktit të nëpunësve rinorë janë planifikuar të jenë të qasshme për publikun përmes mediave të organeve të administratës shtetërore dhe komunave. Maleski thotë se kjo dispozitë është respektuar në shumicën e institucioneve shtetërore.
“Me sa mund të shoh deri më tani, kontaktet janë të disponueshme në vetë faqet e internetit, por edhe në formën e një liste të ndarë nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut. Megjithatë, është normale që duhet të ketë më shumë vizibilitet të nëpunësve, sidomos që të rinjtë të mund të kontaktojnë më lehtë me ta”, konsideron ai.
Ligji ka thyer disa nga afatet e tij, thotë Maleski. Mbi të gjitha, kjo shihet në afatin për krijimin e një strategjie të re për të rinjtë në nivel shtetëror, i cili është me disa muaj vonesë, thotë ai.
“Përveç kësaj, këshillat rinorë lokalë nëpër komuna, nëpunësit rinorë në komuna të caktuara që nuk janë emëruar dhe të ngjashme. Megjithatë, duhet të kuptojmë se kjo është një qasje krejtësisht e re në punën e administratës publike, e cila nuk duhet të jetë arsyetim për zvarritje, por duhet të jemi realistë në kapacitetet dhe resurset e tyre në dispozicion”, shton Maleski.
Jovan Jauleski është edhe një nga të rinjtë që ishte përfshirë në miratimin e ligjit. Nga pozita e deputetit të VMRO-DPMNE-së opozitare, ai tha për Radion MOF se ligji është një bazë e mirë për përfshirjen e të rinjve në procesin e vendimmarrjes me rëndësi lokale dhe kombëtare për çështjet që i tangojnë.
Megjithatë, ai shtoi se “si në shumë fusha të tjera edhe për ligjin vlen vlerësimi i famshëm ‘rregullativë në letër, por nuk zbatohen plotësisht'”.
“Besoj se pas ndryshimit të pushtetit lokal, këshillat rinorë lokale do të formohen dhe do të funksionojnë kudo, por edhe njësitë e vetëqeverisjes lokale do të përmbushin detyrimet e tjera në pajtim me ligjin. Para së gjithash mendoj për nëpunësit rinor, zyrën për të rinjtë, qendrat rinore, strategjinë rinore etj.”, tha ai.
Në të njëjtën kohë, ai është i bindur se të rinjtë kanë mosbesim ndaj institucioneve dhe këtë e konsideron si një nga arsyet e interesimit të pamjaftueshëm për t’u përfshirë në organet e themeluara me ligj.
“Mendoj se duhet veprim i përbashkët i të gjitha institucioneve të përfshira, vetëqeverisjes lokale dhe qendrore, për të promovuar ligjin dhe mënyrat e përfshirjes së të rinjve në vendimet që kanë të bëjnë me ta”, tha ai.
Në nivel lokal, Ligji për të rinjtë, ndër të tjera, parashikon themelimin e një zyre rinore jo më vonë se një vit, të paktën një qendër rinore brenda pesë viteve, si dhe emërimin e nëpunësve rinorë brenda një viti nga data e hyrjes në fuqi të ligjit. Njëkohësisht është paraparë edhe formimi i këshillave rinore lokale brenda një viti.
Martin Koloski