Скопје постер фестивал објави повик за дизјнирање постери во кои ќе се претстави ужасот од енормно загадениот воздух во Скопје.
„1000 лица годишно умираат од загаден воздух!!! Скопје е постојано прогласуван за еден од најзагадените градови во светот. Придружете ни се во општествената акција со наслов #Смогје, преку визуелните пораки и постери да ги разбудиме нашите заспани сограѓани, властите и општата јавност!“, порачуваат од Скопје постер фестивал.
Право на учество има секој граѓанин и може да пријави најмногу по три плакати. Постерот треба да ја промовира дадената тема и да промовира концепт или можно решение. Плакатот мора да го содржи мотото на акцијата #СМОГЈЕ или #SMOGJE. Краен рок за испраќање на идеите е 19 февруари.
Аплицирање ТУКА.