„Смрт за 2020“ – нов хумористичен документарец од режисерот на „Black mirror“ наскоро на „Нетфликс“

Креирана од режисерот и продуцентката на „Black mirror“ – Чарли Брукер и Анабел Џонс, во комедијата ќе се појават Семјуел Л. Џексон, Хју Гранд, но и Лиза Кудроу – актерката која ја глумеше Фиби во серијата „Пријатели“.

Минатата недела, Хју Грант шпекулирапе дека Чарли Брукер работи на нова комедија за 2020 година. Стриминг платформата „Нетфликс“ што туку ги потврди шпекулациите со објава на првиот трејлер за проектот.

Со соодветен наслов „Смрт за 2020“, комедијата ќе ја обработува приказната за годината која е толку дистописка што дури ни креаторите на „Black mirror“ не можеле да ја измислат. Според соопштението, специјалното издание кое ќе ја има формата на документарец, ќе сплете приказна од архивски снимки од реалниот живот кои се снимени годинава.

Во документарецот најавено е појавувањето на Семјуел Л. Џексон, Лиза Кудроу, Кумали Нанџиани, Трејси Улман, Семсон Кајо, Лесли Џоунс, Дијан Морган, Кристин Милиоти и Џо Кири.

Во продолжение, погледнете го трејлерот за „Смрт за 2020“.

Извор: Dazed&Confused