По 10 месеци откако беше најавено, вчера Снепчет ја претстави првата опција што овозможува родителите да имаат контрола врз тоа со кого комуницираат нивните деца преку социјалната платформа.
Новата опција е именувана „Семеен центар“ и преку неа родителите ќе имаат увид кон тоа со кого разговараат нивните деца преку пораки без да ја открие содржината на пораките. Сепак за ова, родителите ќе мора да креираат свој Снепчет акаунт, а тинејџерите треба да дадат дозвола за да ја активираат алатката.
„’Семејниот центар’ е опција дизајнирана да го одрази начинот на кој родителите се поврзуваат со своите деца во реалниот свет, каде тие знаат со кого се дружат нивните деца и кога се дружат, но не ги прислушкуваат нивните приватни разговори“, се вели во соопштението од Снепчет.
Иако ова е првиот чекот на компанијата кон внесување промени за поголема родителска контрола, и претходно имаше постоечки опции за заштита на младите, на пример не дозволуваше тие да комуницираат едни со други доколку не се пријатели и не дозволуваше корисниците да имаат јавни профили.
Оттаму велат дека во следните месеци планираат да додадат уште опции како што е „Семеен центар“. Некои од новите алатки ќе вклучат можност родителите да имаат увид кои нови пријатели нивните деца ги додале на својата листа и ќе имаат можност да пријават доколку сметаат дека некои профили имаат интеракција со нивните деца, а на помладите корисници ќе им биде овозможена опција да ги известат своите родители доколку тие пријават одредена содржина или профил на корисник.