Битолчанецот, Иван Чулакоски, советник од независната група на „Поинаку“ облечен во свечен костум со сноуборд се спушти по Пелистер, за да побара и потсети дека планината треба да стане врвен туристички центар.
„Кога минатата година со јакна за скијање се појавив на седница на Совет на Општина Битола на која поднесов иницијатива за развој на Пелистер во огромен зимско – летен туристички центар кој можи и то како да биди носител на економијата во градот, колегите од власта ме искараа дека не ме личело по јакна и дека сум го рушел угледот на советот. По неколку дена се појавив по костум на врвот Пелистер, спуштајќи се со борд по падините на Баба планина, со една цел, да им докажам на колегите дека облеката не е важна кога имаш една цел и визија. Оваа година по втор пат се спуштам (со друг костум ама) со истата цел: Пелистер мора да биди врвен туристчки Центар“, напиша Чулакоски.
На Пелистер по костум 2 (двојката).
Кога минатата година со јакна за скијање се појавив на седница на Совет на Општина…
Posted by Ivan Culakoski on Saturday, March 27, 2021
Тој најави дека почнувајќи од лани, спуштањето по костум ќе го прави традиционално секоја година со надеж и желба дека еден ден традицијата ќе продолжи и во новиот скијачки центар на Пелистер. Исто така соппшти дека на Пелистер допатувал и најдобриот светски сноубордер во моментот, Жан Кошир, кој истакнал дека е фасциниран од планината.