По одлуката на Европскиот парламент да ги отфрли обвиненијата против поранешниот соработник на американската разузнавачка агенција НСА Едвард Сноуден, тој се огласи на својот Твитер профил.
Во неговата објава тој напиша дека оваа одлука на Европскиот парламент целосно ја менува играта.
„Слушам дека Европскиот парламент изгласал 285 гласови ‘за’ и 281 „против“, и покрај големите притисоци, да запрат сите обвиненија против мене и да се спречи екстрадицијата. Ова ја менува играта“, напиша Сноуден.
Hearing reports EU just voted 285-281, overcoming huge pressure, to cancel all charges against me and prevent extradition. Game-changer.
— Edward Snowden (@Snowden) October 29, 2015
„Ова не е насочено против американските власти, ова е подадена рака на пријател. Ова е шанса да се тргне понатаму“, додаде тој.
This is not a blow against the US Government, but an open hand extended by friends. It is a chance to move forward. pic.twitter.com/fBs5H32wyD
— Edward Snowden (@Snowden) October 29, 2015
Европскиот парламент вчера ја усвои резолуцијата со која сите земји на ЕУ се повикуваат да го запрат гонењето на Сноуден.
Пратениците побараа Европската Комисија да се осигура дека сите трансфери на податоци во САД се предмет на „ефикасно ниво на заштита” и побара членките на ЕУ да дадат заштита на Едвард Сноуден, како „бранител на човековите права”. Парламентот, исто така изрази загриженост за законите за надзор во неколку земји на ЕУ.