По повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, Владата на Република Северна Македонија организира дискусија на тема „Македонскиот јазик во словенскиот свет“.
Дискусијата е најавена да почне во 10 часот, додека од 11:30 часот на Плоштадот во Охрид ќе биде положено цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј.
Од 12 часот, на Плаошник, ќе се одржи централната свеченост на кој ќе биде одбележан Денот на Св. Кирил и Методиј, на која ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.
Сите денешни настани можат да се проследат во живо преку следниве линкови: