„Ментално здравје, ковид и како понатаму?“ е насловен првата дискусија која во среда (17-ти март) ја организираат младите од Глобал Шејперс Скопје Хаб како дел од серијалот дијалози „Давос Лаб“.
Дискусијата ќе започне од 18 часот, а до средината на април се предвидени уште четири други дијалози на различни теми од глобална важност.
На настанот ќе учествуваат:
– Јана Петреска (Глобал Шејперс Скопје Хаб)
– Бојана Петровска (основач на Мој психолог)
– Јасмина Михаиловска (Разговор.мк)
– Елена Трендафилова (Гешталт Институт Скопје)
Дискусијата ќе ја модерираат Сара Ристеска и Мирослав Драганов.
Иницијативата „Давос Лаб“ е светски план за закрепнување предводен од млади од целиот свет како одговор и решение на светските проблеми.
„Со целосно волонтерско организирање на овие отворени дијалози, Глобал Шејперс Скопје Хаб цели да го слушне гласот на младите од нашето општество за овие теми и соодветно да го преточи во заедничкиот светски извештај на кој ќе се засноваат голем број акции и одлуки во 2022 година, а и во понатамошната иднина. Младите покажуваат дека заеднички и секојдневно работат
кон остварување на подобар животен стандард за овие, но и за идните генерации“, велат од Глобал Шејперс Скопје Хаб.
Повеќе информации за настанот и линк за регистрација може да најдете ТУКА.