Со финален натпревар во шест различни категории заврши 10-тиот Робомак 2019 година, во рамки на Неделата на роботиката, која ја организираа студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. На натпреварот во Домот на АРМ се квалификуваа 22 од вкупно 29 екипи.
За студентот Сања Цветковиќ, дел од организацискиот тим на Робомак и член на Студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ (Институт на инженери по електротехника и електроника), огромно е задоволството да се биде дел од ваков сериозен настан.
„Учесниците напорно работеа цела недела, речиси 12 часа дневно, но сето тоа беше многу интересно затоа што имаше многу дружење, работа и активности. Многу ми е мило што Робомак станува традиција, која ќе продолжи да се негува и надградува секоја година“, вели Цветковиќ.
ФЕИТ организираше Недела на роботиката по повод 10 години организација на Робомак – меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција и 60 години од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Победници на Робомак 2019 во различни категории се:
ROBOTIC ARM:
Благој Христов (ФЕИТ)
Владимир Илиќ (ФЕИТ)
MAZE :
Растко Тодоровиќ (ФТН, Нови Сад)
Никола Бранковиќ (ФТН, Нови Сад)
LINE FOLLOWER :
Лука Адамовиќ (ЕТФ, Белград)
Јелена Лалиќ (ЕТФ, Белград)
AI FOOTBALL :
Игор Наумовски (ФЕИТ)
Симеон Трендов (ФЕИТ)
Здравко Тодоров (ФЕИТ)
SPHERO :
Михаило Ристиќ (ЕТФ, Белград)
Софија Петровиќ (ЕТФ, Белград)
SUMO :
Андреј Биковски (ФЕИТ)
Борис Стевановски (ФЕИТ)