Со модерниот џез квартет Форплеј утре во Античкиот театар Охрид ќе биде отворено годинешното, 57-мо Охридско лето.
Квартетот ќе настапи заедно со Оркестарот на Македонската филхармонија, а под диригенската палка на Емин Џијан. Квартетот го сочинуваат Боб Џејмс на клавијатури, Неjтан Ист на бас, Чак Лоуб на гитари и Харви Мејсон на тапани.
Колективот на џез музичари најавија дека заедно ќе приредат несекојдневно доживување со нивниот посебен и препознатлив звук.
Концертот почнува во 21 часот.