Скопскиот бенд DS Collective денеска ја објави својата трета песна „Драма“, во соработка со Матеј Петров. Со неа го најавија нивниот нов албум.
„’Драма’ е нешто кое на сите ни се случило и верувам дека сите ќе се пронајдете“, се вели во објавата на нивната Фејсбук страница.
Од DS Collective, песната ја опишуваат како „подлабоко чепкање во нивните емоции“.
Спотот за песната е режиран од Кристијан Шемко, а е во реализација на The Media. Главната улога во спотот и припаѓа на кореографката Камелија Секуловска.