Со помош на скриптите го доби првиот случај – Студент по право тужел станодавец поради лоши услови

Студентот по право, Џек Сим, се разочарал кога минатата година пристигнал во своето сместување кое на слики изгледало средено, но на лице место делувало како „градилиште“.

Имајќи скромно знаење што го стекнал во првата година на правните студии, тој поднел тужба против сопственикот на станот и го добил својот прв случај со помош на скриптите, пишува BBC.

19-годишникот бил бруцош на Универзитетот во Источна Англија во септември 2020 година, кога се пресели во студентското сместување во Норвич. Но, тој не добил шанса да го види претходно.

„Мислев дека ќе го добијам тоа што го видов на овие фотографии“, вели тој. „Овие убави, луксузни студентски соби за сместување.“

Но, кога се појавил, било друга приказна. Местото го опишува како „градилиште“ полно со работници кои го поправале местото.

„Беше речиси иронично и смешно што луѓето се вселуваат на ова место затоа што изгледаше ужасно. Навистина беше ужасна состојба“.

По една недела, студентот се иселил и престанал да ја плаќа киријата. И покрај тоа што му се заканувало казна за неплатен долг, тој почнал да истражува низ своите учебници и скрипти и го започнал судскиот случај.

Собрал изјави на сведоци, ја составил судската пракса и статутот за застапување на договори и тужел за прекршување на договорот и лажно претставување.

„Беше многу лесно да бидам искрен“, вели Џек, кој по потекло е од Њукасл, а во тоа време студирал договорно право.

Преку тужбата барал да му се вратат парите за првата кирија и депозитот во износ од 7000 фунти.

На онлајн рочиштето во окружниот суд во Њукасл на 2 ноември, неговиот татко зборуваше наместо него на суд, а Џек го доби она што го платил плус судските такси во вкупна вредност од 999 фунти. Противтужбата е отфрлена.

Тој рече дека е „одлична победа“ и „навистина само ми посочи дека младите треба да се штитат“.

„Едноставно не можете да дозволите овие сопственици да победат“, додаде тој. „[Морате] да ги однесете на суд ако тоа се случи. Промените ќе се случат. Културата треба да се промени“, вели тој.