Триесет и второто издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ започнува денес (8 септември), традиционално на Денот на независноста во Струмица.
Фестивалот ќе го отвори претставата на струмичкиот театар, „Црна дупка“ по текст на Горан Стефановски, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.
„Црна дупка“ во јуни, оваа година, на 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, беше наградена со наградата за најдобра претстава. Наградени беа и актерот Васил Михаил за најдобра машка улога и актерката Анкица Бенинова за женска епизодна улога.
Утре на програмата е „Гардеробер“ од Драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ од Бугарија. Посетителите ќе имаат можност да ја погледнат и претставата „Кенди“ на Театарот „Златен елец“ што доби неколку регионални награди и наградата „БИШ“ што се доделува во рамки на фестивалот Млад отворен театар.
Фестивалот ќе трае до 13 септември кога по претставата „Падот на Масада“ во изведба на Драмски театар Скопје ќе се додели наградата „Ристо Шишков“. Во продолжение погледнете ја целосната програма: