Вечерва (5 септември) со почетокот од 19:30 часот, во НУЦК „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, започнува Првиот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “, кој е единствениот фестивал на дуодрама во Македонија.
Фестивалот е во организација на Општина Неготино и Театар Провокација – Скопје и ќе трае до 9 септември.
На фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра машка и женска улога, најдобра режија, специјална награда и Гранд при.
Жири комисијата е во состав: Благоја Чоревски – Чоре (актер), Мирјана.П.Ристов (актерка) и Билјана Крајчевска (драматураг), секој докажан во својата област!
Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов.
Претставите ќе бидат одиграни по следниот редослед:
05.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
„КИСЛОРОД“ , според текст на Иван Вирипаев
Режија: Иван Јерчиќ
Играат: Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола
06.09.2022 од 19:30 во КАФЕ БАР АМАРО
„АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“ – Валентин Красногоров
Режија: Александра Кардалевска, драматург: Дарко Спасов
Играат: Жаклина Петровска и Тони Денковски
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје
06.09.2022 од 21:00 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ОЖЕНИ МЕ“, по мотиви од сценаријата: „Ожени ме“, „Храна и Вино“ и „Брачна приказна“
Режија: Роберт Ристов. Играат: Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов
ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје
07.09 од 19:30 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ГРЕТА“ –според: Луц Хибнер и Јохан Волфганг Фон Гете,
Режија: Тамара Стојаноска. Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажоски
ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје
08.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
„МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ“ – Иван Томашевиќ
Режија: Иван Томашевиќ. Играат: Анета Томашевиќ и Иван Томашевиќ
СЦЕНА МАСКА, Р. Србија
09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
19:30 ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
20:00 STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените)