Со сместување на три деца од Специјалниот завод Демир Капија во објект во Неготино, приспособен за нивните потреби, започна деинституционализацијата на сместувањето на лицата со посебни потреби.
Овие деца, од кое едно е со церебрална парализа, другото со аутизам, а третото со проблеми во центарот за говор и рамнотежа, ќе го продолжат животот во новиот мал групен дом, каде за нив ќе се грижат негувателките кои и претходно се грижеле за нив во Демир Капија.
Сепак, првиот ден од долгонајавуваниот почеток на процесот со кој луѓето од гломазната институција во Демир Капија која е позната по нехуманите услови за живот, се селат во мали и адатирани домови, ја помрачи протестот во селото Тимјаник, каде се гради уште еден ваков дом. Имено, жителите на селото кое наоѓа на петнаесетина минути пеш од Неготино, на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и порачаа дека нема да дозволат да се отвори центарот каде треба да бидат сместат уште три деца од Демир Капија.
На местото на центарот тие побараа градинка за која велат дека им била ветена и од минатата и од оваа Влада, но не заборавија да напоменат дека се плашат од децата со посебни потреби кои треба да се сместат во нивното село. Не помогна ниту предлогот на Царовска, да се изгради и домот и ветената градинката. Видеото од средбата на која присуствуваа претставници на Делегацијата на ЕУ, на УНИЦЕФ и УНДП погледнете го во продолжение.