ДМЦВ отвори повик за учество на бесплатна работилниза за шиење и кроење, за десет девојки и жени од Скопје и околината, а предност ќе имаат жените од ранливи средини и различни етникуми.
Работилниците за најавени за во периодот од 14 до 5 октомври, преку осум сеопфатни сесии кои ќе се одржуваат во SKALA School – Џолев и уметностите.
Менторка на работилниците ќе биде Катерина Блажевска-Тошева, од модното судио „ЛЕ-Те“, која ќе го предводи патот во соработка со модната дизајнеркa Ирина Тошевa.
Заинтересираните треба да се пријават преку испраќање на кратка биографија и телефон за контакт на мејлот kate.toseva@yahoo.com, а пријавените кандидатки ќе бидат повикани на разговор на 12 септември.
„Навлезете во сложеноста на кроењето и шиењето, усовршете ја вашата рачна умешност во ракотворбите, стекнете непроценливи претприемачки вештини и добијте знаење како да започнете сопствен бизнис“, порачуваат организаторите.