Здружение на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука”- Битола организира хуманитарен настан „Со уметност до свесност за поинаквоста“ .
Настанот ќе се одржува на 8-9 јуни, 17- 20 часот во КЦ Магаза Битола. Влезот е слободен.
„Целта на овај настан е подигнување на свесноста за лицата со попреченост, нивно прифаќање и еднакви права во опшеството. Настанот е од хуманитарен и културен карактер, на истиот ќе има аукција на уметнички дела од врвни и реномирани уметници кои ги отстапиа истите во хуманитарни цели без надокнада, дела на кои што никој нема да остане рамнодушен“, велат од „Рилука“.
Од тука доаѓа и идејата, дополнуваат тие, средствата од овој настан да се искористат за опремување на инклузивна игротека, а во оваа идеја може секој да ги поддржи со купување на уметнички дела.
„Инклузивна игротека е од голема важност за децата со попреченост и нивните семејства, тоа ќе биде место каде што децата со попреченост ќе можат да се социјализираат со посебни реквизити за игра, терапија и социјализација, а најважно од се тоа ќе биде место каде што ќе се потикнува нивниот развој“, соопштува „Рилука“.
На настанот ќе учествуваат младите таленти од „Бабец“ и хорот „Ѕвончиња“.