Во чест на денот на раѓањето на легендарниот реге-музичар Боб Марли, вечерва (06.02) ќе се одржи забава во просториите на некогашниот клуб „Кастро“ во Скопје.
На традиционалниот, т.н. зимски „Боб Марли ден“ како гости ќе настапат диџеите Педро, Лаки, „Џам Систаз“ (Ели Раста грл и ИренСка) Чарлито, Гето Руди, Ајри Пајрат и „Марли трибјут бенд“. Роденденот на култниот музичар ќе се одбележува со вакви и слични манифестации низ целиот свет. Боб Марли е роден на 6 февруари 1945 година, а почина на 11 мај 1981.
Почетокот на забавата во некогашниот клуб „Кастро“ е закажан за во 21 часот, а влезниците чинат 100 денари.