По синоќешната премиера во Скопје, од денеска на редовниот репертоар вo кино „Милениум“ се прикажува најновото остварување на режисерот Игор Иванов -Изи, филмот „Соба со пијано“ во македонска продукција.
Своја премиера филмот имаше на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“ во Битола. Сценариото е на Жанина Мирчевска и Игор Иванов. Продуцент и кинематографер е Томи Салковски, а музиката ја потпишува познатиот пијанист и композитор Чили Гонзалес.
Помеѓу главните актери во филмот „Соба за пијано“ се Наташа Петровиќ, Јовица Михајловиќ, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогеш, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Јагода Кумриќ, Фирдаус Неби и Невена Ристиќ. Специјални гости – Тони Палмер, Ханес Вегенер и Мајк Сарн.
Меѓу 12 филма кои годинава конкурираа за наградата „Камера 300“ е и филмот на Игор Иванов.
Извор: НОВА