Собранието изгласа 5% поголема плата за вработените во јавниот сектор

Со 82 гласа „за“ Собранието ги усвои измените на Законот за исплата на плати со кои септемвриската плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за пет отсто.

Зголемена плата за 5% ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор.

Претходно од Владата напоменаа дека зголемувањето на платите на администрацијата е насочена кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и дека септемвриската плата, со покачувањето, ќе биде исплатена во законски предвидениот рок.