Социјален експеримент: Носеле рефлектирачки елек и добиле отворен влез насекаде

Дејвид Алегрети и неговиот пријател Шон решиле да направат мал социјален експеримент. Тие сакале да дознаат колку далеку може да одат носејќи рефлектирачки елеци, кои најчесто се дел од униформата на вработените.

„Има нешто во униформите што побудува речиси наивна доверба“, вели Дејвид.

„Луѓето им веруваат на униформите. Најголемиот дел од нас се послушни на зборот на оние што ги носат униформите“, додава.

Тие прво се обиделе да влезат во кино без да платат и им успеало. Потоа си ја пробале среќата во зоолошка градина, каде уште еднаш успеале да влезат без некаков проблем.

Следно, решиле да влезат на концерт на „Колдплеј“ и уште еднаш – успеале.

Експериментот е интересен начин да се покаже колку е лесно да се добијат некои работи бесплатно, но исто така, открива колку застрашувачки е лесно да се помине обезбедувањето без никој да забележи.