Видеоповици, социјални мрежи и инстант пораки – за ова македонските граѓани најмногу го користеле интернетот во 2023 година според резултатите од годишната анкета за употребата на информатичко-комуникациските технологии во домаќинствата и кај поединците кои ги објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, во споредба со минатата година, бројот на домаќинства кои имаат пристап до интернет е зголемен за 1,4% (од 86,6 на 88 проценти).
Годишната анкета која ја спроведуваат статистичарите дава увид и во тоа што купуваат онлајн граѓаните на Северна Македонија.
Повеќе детали погледнете на инфографикот во продолжение.
Даниел Евросимоски