Социјалниот центар „Дуња“ во петок и сабота ќе прослави седум години постоење.
Оттаму велат дека во сите овие години активно учествуваат во борби кои имаат за цел коренити општествено-економски промени, преку штрајкови, протести и блокади, а преку активностите во центарот се трудат да покажеме дека друг вид на социјализација е возможна, искрена, блиска и другарска.
„Така, преку многуте проекции на филмови и документарни, преку поетски читања и дискусиите, преку акциите на размена и донирање и преку заедничарењето, како основен облик на еднаквоста, ние Колективот и поддржувачите на С.Ц Дуња, успеавме од жолтата куќичка да изградиме едно мало општество, налик на она за кое се бориме. Седум години тука го негуваме духот на отпорот и борбата, учејќи се на истрајност“, велат од СЦ „Дуња“.
Роденденската програма се состои од:
- петок, 6 октомври
20:00 – 23:00 Свирка на Die Angst (Германија) и Vagina Corporation - сабота, 7 октомври
16:30 – 18:30 Проекција и дискусија: „Капитализмот уби (најмалку) 3.4 милијарди луѓе“
18:30 – 19:00 Отварање на групна уметничка изложба
19:00 – 21:00 Работилница: „Културната индустрија и капитализмот“
21:00 – 23:00 Друштвени игри, музика и дружба