Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
„Имам прочитано многу коментари на ТикТок видеа во кои луѓето јавно го искажуваат својот став за содржината, без да внимаваат дали ќе го навредат креаторот. Ваквите коментари се безброј бидејќи скоро на секое видео можат да се забележат навреди, најчесто за надворешниот изглед, однесувањето или зборувањето. Но, говорот на омраза може да се забележи и на објавуваните статуси или Инстаграм објави. Постојат и специјално направени Инстаграм профили за да исмеваат некого или нешто. Истовремено, се случува луѓето да не го прочитаат целосно текстовите кои се објавени и да дадат неубава критика врз основа на само неколку прочитани реченици, па да навредуваат, коментираат, етикетираат. Тоа ми се има случено и мене, но им се има случено и на многу други поети и писатели кои ги познавам“, вели за Радио МОФ, средношколката Ана Илиева.
Илиева учи во скопската гимназија „Орце Николов“. Вљубеник е во поезијата, па одвреме-навреме знае да објави свој текст или песна на социјалните мрежи. Она што го забележува од своето искуство е дека тенка е границата помеѓу слободата на говорот и говорот на омраза.
„Многупати се случило да настане проблем или како што ние би го нарекле сето тоа – „драма”. Тие драми не настануваат од ништо, туку се поттикнати од луѓето кои не внимаваат на своите зборови и повеќе се интересираат за туѓиот живот, отколку за својот. Секој став што луѓето го пишуваат јавно може да има и поддржувачи, но и „напаѓачи”. Некои уживаат во сите тие драми на интернет, но според мене – никој не заслужува омраза“, вели таа.И влогерот Емил Иванов, познат како Winncoot вели дека има доживеано насочен „хејт“ кон него. Влогерот кој има преку 23.000 следачи на Јутјуб, активно објавува и на Инстаграм и Тик Ток.
„Се случи некоја беспотребна драма меѓу нас инфлуенсерите и почнаа да ме навредуваат во коментари. Бидејќи сум личност со цврст карактер, досега никој „хејт“ нема допрено длабоко во мене, па дури и возвраќам со љубов“, вели тој.
За тоа колку е застапен говорот на омраза во онлајн присуството на младите, но и колку тие се изложени на (скриениот) маркетинг и активизмот, Радио МОФ разговарашр и со комуникологот др. Жанета Трајкоска и др. Ива Дујак – доктор на науки од областа на маркетингот.
Социјалните мрежи како пазар на навреди
Дујак, зборувајќи за креирањето на содржина и денешното онлајн присуство, вели дека бидувањето поразличен значи да се постави голема мета на себе која повикува на говор на омраза.
„За жал, зад мониторите сите се најјаки, па дури и оние кои не би се осмелиле во живо да искоментираат, тоа го прават активно онлајн. Исто како и во животот надвор од интернетот, креирањето на некои стандарди за „нормалност“ предводени од комуникацијата на моќните светски брендови, инфлуенсерите и популарните контент креатори, прават сите кои не се вклопуваат во тој калап да станат предмет на хејт или исмејување. Тоа што ме изненадува и радува е дека помладите генерации се на некој начин подготвени на ова, за жал од многуте негативни примери досега, па од време на време може да се види некое ТикТок и Јутуб видео каде што самите се борат против тоа неприфаќање и со гордост ги истакнуваат своите разлики. Во моментов тоа се ретки случаи, но се надевам дека овој тренд ќе расте“, нагласува таа за Радио МОФ.
Комуникологот Жанета Трајкоска вели дека слободата на говорот завршува таму каде што почнува навредата и омразата кон одреден поединец, група или заедница. Таа додава дека слободата на говорот не значи слобода да се шири нетрпение и омраза кон било кого.
Трајковска забележува дека за говор на омраза не може да се земе секое искажување во онлајн просторот.
„Многу повеќе има нетрпеливост, назадни погледи, оцрнување на некој што мисли поинаку и личен анимузитет кон се што не се поклопува со сопствените ставови. Нашето општество се страшно нетрпеливо и тоа се гледа не само во медиумите, социјалите мрежи, туку и во реалниот живот. Живеењето во вакво опкружување кога најголем дел од младите не гледаат ни трошка надеж предизвикува нетрпеливост на Фејсбук и Твитер. Омразата се шири оти фрустрацијата и незадоволството нема каде да се искажат на друго место. Ние како општество водиме сметка за физичкото здравје, а психичкото комплетно го игнорираме и го криеме, како да е лошо да побараш помош ако имаш ваков проблем“, нагласува таа.
Според неа, потребен е ресет и заборавање на дел од научените однесувања и воспоставување на општествени вредности и цели кои ќе ги земат предвид сите аспекти на современото битисување.
„Можеби тогаш социјалните мрежи нема да бидат пазар на навреди, туку средство кое може да се искористи за позитивни работи и поврзување врз база на заеднички вредности, а не заедничка омраза кон секој што е различен од нас“, објаснува Трајкоска.
Скриениот маркетинг и пропагандните машинерии зад инфлуенсерите
Илиева вели дека моментално, најпопуларната апликација околу која за кратко време се сврти целото внимание на младите е „ТикТок”, каде што тинејџерите имаат шанса лесно да се „пробијат” и да станат познати, покажувајќи го јавно својот талент за танцување, својот хумор или своите идеи.
Како еден од активните корисници токму на овие апликации, за Winncoot, хуморот е најважното нешто при креирањето на содржината.
„Секогаш гледам да задоволи секоја возраст од публиката. Во мојов случај најчесто целта ми е да е комично и публиката да заврши со насмевка. Знаејќи дека мојата публика содржи и деца, внимавам на пцовки. Исто така внимавам да не поставам навредлива или расистичка содржина. Одговорноста при имањето на голем број следбеници е што треба да го задоволам секој. Бидејки секој бара различен контент од креаторот и секој сака да види сѐ и сешто. Гледам да го склопам сето тоа во едно. Мора да си редовен со содржина, но и да не бидеш многу досаден“, вели тој.
Според Дујак, неодвоивоста на младите од технологијата е типична за денешните генерации уште од раѓање, па оттаму тие се посвесни за изложеноста на маркетингот. Таа додава дека младите се сретнуваат со рекламите преку игрите кои ги играат и цртаните кои ги гледаат.
„Младите се многу посвесни се кога некој сака нешто да им продаде или да ги искористи само за маркетинг цели. На светско ниво брендовите стануваат сѐ поитри во продажбата, баш поради оваа појава. Главните „селебритис“ не се повеќе недостапните ѕвезди кои имаат 5 телохранители, тоа се ТикТокери, Јутубери, деца на возраст од 16 до 22 години, исти како сите нив, само со огромна маркетинг корпорација зад себе“, вели таа.
Сепак, Дујак смета дека дека не сите млади се свесни за скриениот маркетинг и пропагандните машинерии зад инфлуенсерите кои се обидуваат да влијаат врз однесувањето и општествените ставовите врз луѓето.
„Потребно да се воведе медиумска писменост во училиштата од најмала возраст и да се работи не само со младите туку си сите граѓани за тоа како да препознаат дезинформација, ботови, тролови или таканаречени инфлуенсери. Информациите ни го креираат секојдневието и ако не знаеме што примаме и обработуваме како информација и што влијае врз нашите одлуки, тогаш носиме и погрешни одлуки и врз погрешни или лажни информации ги градиме нашите ставови и верувања“, нагласува таа.
Говорејќи за скриениот маркетинг кај инфлуенсерите, кои до извесна мера ги користат општествените политики како параван, Трајкоска вели дека тешка е битката против изместените вредности.
„Нема едноставен одговор, освен постојаност во формалната и неформалната едукација на младите за овие прашања. За жал кај нас образовниот систем не ги следи современите текови и развојот на општествените случувања. За ова најмалку се виновни младите – тие се лакмус на нивните родители и тоа што се случува околу нив. Обврската на секој од нас што учествува во образовниот и јавниот живот е да покаже поголема одговорност и интегритет, а медиумите да ги вратат младите и младинските прашања во програмските шеми. Ние имаме паралелни светови – на медиумите се говори речиси само за дневната политика и „светот на возрасните“, а младите се присутни само ако се вест, најчесто лоша“, објаснува Трајкоска.
При креирањето на маркетинг содржината за младите, според Дујак најважни се истражувањата пред да започнат да се креират концептите на комуникацијата.
„Мислам дека има голем број на брендови кои сѐ уште не можат да сфатат колку се денешните млади понапредни од нас во однос на овој тип на комуникација, и едноставно тоа потценување може да донесе сериозно лоши резултати. Без да се направи длабинско испитување на интересите, навиките, начинот на живеење и комуницирање на младите, ќе се добие само уште една комуникација во која младешкиот дух ќе биде пресликан преку скејтери и цртачи на графити, со користење на термини како „биди кул, стани дел од нашата екипа“, смета таа.
Ивана Смилевска
-
Rrjetet sociale si treg i ofendimeve dhe propagandës të “influens” makinerive
“Kam lexuar shumë komente në TikTok videot, në të cilat njerëzit shprehin publikisht qëndrimet e tyre për përmbajtjen, pa i kushtuar vëmendje nëse do ta fyejnë krijuesin. Komentet të tilla janë të panumërta sepse pothuajse në çdo video mund të vërehen fyerje, zakonisht për pamjen e jashtme, sjelljen ose fjalimin. Por, gjuha e urrejtjes mund të shihet edhe në statuset e publikuara ose postimet në Instagram. Ekzistojnë edhe profile të bëra posaçërisht në Instagram për tu tallur me dikë ose diçka. Në të njëjtën kohë, ndodh që njerëzit të mos i lexojnë plotësisht tekstet e botuara dhe të japin kritikë të keqe bazuar në vetëm disa fjali të lexuara, kështu që ata fyejnë, komentojnë, etiketojnë. Kjo ka ndodhur edhe me mua, por ka ndodhur me shumë poetë dhe shkrimtarë të tjerë, të cilët unë i njoh”, thotë nxënësja e shkollës së mesme për Radio MOF, Ana Ilieva.
Ilieva mëson në gjimnazin “Orce Nikollov”, në Shkup. Është adhuruese e poezisë, kështu që herë pas here di të botojë tekst ose këngë të saj në rrjetet sociale. Ajo që vëren nga përvoja e saj, është se është i hollë kufiri ndërmjet lirisë së fjalës dhe fjalës së urrejtjes.
“Shpesh ka ndodhur të shkaktohet problem, ose siç do ta kishim quajtur ne këtë situatë – “dramë”. Ato drama nuk shkaktohen nga asgjë, por nxiten nga njerëz që nuk u kushtojnë vëmendje fjalëve të tyre dhe janë më të interesuar për jetën e dikujt tjetër sesa për jetën e tyre. Çdo qëndrim që njerëzit e shkruajnë në publik mund të ketë mbështetës, por edhe “sulmues”. “Disa shijojnë të gjitha ato drama në internet, por për mendimin tim – askush nuk e meriton urrejtjen”, thotë ajo.
Dheblogeri Emil Ivanov, i njohur si Winncoot thotë se ka përjetuar një “hejt” ndaj tij. Blogeri, i cili ka mbi 23.000 ndjekës në YouTube, në mënyrë aktive poston gjithashtu në Instagram dhe Tik Tok.
“Ndodhi një dramë e panevojshme midis nesh influenserëve dhe ata filluan të më fyejnë me komente. Për shkak se jam person me karakter të fortë, deri tani asnjë “hejt” nuk më ka prekur thellë, madje ju’a kthej me dashuri”, thotë ai.
Në lidhje me atë se sa është e përfaqësuar fjala e urrejtjes në online prezencën e të rinjve, por edhe sa janë ata të ekspozuar ndaj marketingut (të fshehur) dhe aktivizmit, Radio MOF bisedoi edhe me komunikologun dr. Zhaneta Trajkoska dhe dr. Iva Dujak – doktor i Shkencave nga fusha e marketingut.
Rrjetet sociale si treg i fyerjeve
Dujak, duke folur për krijimin e përmbajtjes dhe online praninë e sotme në internet, thotë se të jesh ndryshe do të thotë të vendosësh një cak të madh mbi veten, i cili bën thirrje për gjuhë të urrejtjes.
“Fatkeqësisht, mbrapa monitorëve, të gjithë janë të fuqishëm, dhe madje edhe ata që nuk do të guxonin të komentojnë live, e bëjnë këtë në mënyrë aktive në internet. Ashtu si në jetën jashtë Internetit, krijimi i disa standardeve të “normalitetit” të udhëhequr nga komunikimi i markave të fuqishme botërore, ndikuesve (influenserëve) dhe krijuesve të përmbajtjeve të njohura, të gjithë ata që nuk përputhen në atë kallëp, bëhen subjekt i urrejtjes ose përqeshjes. Ajo që më surprizon dhe më kënaq mua, është se gjeneratat e reja janë disi të përgatitura për këtë, për fat të keq nga shembujt e shumtë negativ deri më tani, kështu që herë pas here mund të shikoni video në TikTok dhe YouTube, ku ata vetë luftojnë kundër mos pranimit dhe me krenari i theksojnë dallimet e tyre. Për momentin, këto janë raste të rralla, por shpresoj që kjo tendencë të shënojë rritje”, tha ajo për Radio MOF.
Komunikologu Zhaneta Trajkoska thotë se liria e fjalës përfundon aty ku fillon fyerja dhe urrejtja ndaj një individi, grupi ose komuniteti të caktuar. Ajo shton se liria e fjalës nuk do të thotë liri për të përhapur padurimin dhe urrejtjen ndaj kujtdo.
Trajkovska vëren se jo çdo fjalë, mund të konsiderohet si gjuhë e urrejtjes e shprehur në online hapësirën.
“Ka shumë më shumë padurim, pikëpamje të prapambetura, duke shpifur për dikë që mendon ndryshe dhe një armiqësi personale ndaj gjithçkaje që nuk përputhet me pikëpamjet e tyre.” Shoqëria jonë është jashtëzakonisht e paduruar dhe kjo mund të shihet jo vetëm në media, rrjete sociale, por edhe në jetën reale. Të jetosh në një mjedis të tillë kur shumica e të rinjve nuk shohin as një grimcë shprese shkakton intolerancë në Facebook dhe Twitter. Urrejtja përhapet sepse zhgënjimi dhe pakënaqësia nuk kanë ku të shkojnë tjetër. Ne si shoqëri kujdesemi për shëndetin tonë fizik, dhe e injorojmë plotësisht dhe e fshehim shëndetin tonë mendor, sikur është keq të kërkojmë ndihmë nëse ke një problem të tillë”, thekson ajo.
Sipas saj, është i nevojshëm ritet dhe harresa e sjelljeve të mësuara dhe vendosja e vlerave dhe qëllimeve shoqërore që do të marrin parasysh të gjitha aspektet e jetës moderne.
“Ndoshta atëherë rrjetet sociale nuk do të jenë treg për fyerje, por mjet që mund të përdoret për gjëra pozitive dhe lidhje të bazuara në vlera të përbashkëta, e jo urrejtje të përbashkët ndaj gjithkujt që është i ndryshëm nga ne,” shpjegon Trajkoska.
Makineritë e fshehura të marketingut dhe propagandës prapa ndikuesve
Ilieva thotë se aktualisht, aplikacioni më i popullarizuar që ka tërhequr vëmendjen e të rinjve për një kohë të shkurtër është “TikTok”, ku adoleshentët kanë shans që të “depërtojnë” lehtë dhe të bëhen të famshëm, duke treguar publikisht talentin e tyre për vallëzimin, humorin e tyre apo idetë e tyre.
Si një nga përdoruesit aktivë pikërisht të këtyre aplikacioneve, për Winncoot, humori është gjëja më e rëndësishme kur krijoni përmbajtje.
“Gjithmonë përpiqem të kënaq secilën moshë të publikut. Në rastin tim, qëllimi im është zakonisht komik dhe publiku të përfundojë me buzëqeshje. Duke ditur që audienca ime përfshin edhe fëmijë, unë bëj kujdes për sharjet. Gjithashtu kujdesem që të mos postoj përmbajtje fyese ose raciste. Përgjegjësia e të pasurit një numër të madh ndjekësish është që duhet t’i kënaq të gjithë. Sepse secili dëshiron përmbajtje të ndryshme nga kreatori dhe secili do të shohë gjithçka. Shoh që ta bashkoj të gjithën në një. “Duhet të jesh i rregullt me përmbajtje, por gjithashtu të mos jesh tepër i mërzitshëm.” thotë ai.
Sipas Dujak, pandashmëria e të rinjve nga teknologjia është tipike për brezat e sotëm që kur lindin dhe së këndejmi ata janë më të vetëdijshëm për ekspozimin ndaj marketingut. Ajo thotë se të rinjtë hasin në reklama përmes lojërave që i luajnë dhe filmave vizatimorë që i shikojnë.
“Të rinjtë janë shumë më të vetëdijshëm kur dikush dëshiron t’u shesë diçka ose t’i përdorë vetëm për qëllime të marketingut. Në nivel global, brandet po bëhen më të mirë në shitje pikërisht për shkak të këtij fenomeni. “Personat e famshëm” kryesorë nuk janë më yjet e paarritshëm që kanë 5 truproja, ata janë TickToker-ët, Jutuberët, fëmijë të moshës 16 deri në 22 vjeç, të njëjtë si të gjithë ata, veçse me një korporatë të madhe të marketingut pas tyre”, thotë ajo.
Sidoqoftë, Dujak beson se jo të gjithë të rinjtë janë të vetëdijshëm për makineritë e fshehura të marketingut dhe propagandës pas ndikuesve që përpiqen të ndikojnë në sjelljen e njerëzve dhe qëndrimet shoqërore.
“Është e nevojshme të futet Arsimi mediatik në shkolla që në moshë të re dhe të punohet jo vetëm me të rinjtë, por të gjithë qytetarët se si të njohin dezinformatat, botët, trollët ose të ashtuquajturit ndikues. “Informacionet na krijojnë jetën tonë të përditshme dhe nëse nuk dimë se çfarë pranojmë si informacion dhe çfarë ndikon në vendimet tona, atëherë marrim vendime të gabuara dhe ndërtojmë qëndrimet dhe besimet tona mbi informacionin e gabuar ose të rremë”, thotë ajo.
Duke folur për marketingun e fshehur të ndikuesve, të cilët në një farë mase përdorin politikat sociale si ekran, Trajkoska thotë se është e vështirë beteja kundër vlerave të zhvendosura.
“Nuk ka përgjigje të thjeshtë, pos konsistencës në arsimin formal dhe joformal të të rinjve për këto çështje. Fatkeqësisht, në vendin tonë, sistemi arsimor nuk i ndjek trendet moderne dhe zhvillimin e ngjarjeve shoqërore. Të rinjtë janë më së paku fajtorë për këtë – ata janë lakmus testi i prindërve të tyre dhe ajo që po ndodh rreth tyre. Obligimi i secilit prej nesh që merr pjesë në jetën arsimore dhe publike është të tregojë përgjegjësi dhe integritet më të madh, ndërkaq mediat të kthejnë çështjet e rinisë dhe të rinjve në skemat e programit. Ne kemi botë paralele – mediat flasin pothuajse vetëm për politikën e përditshme dhe “botën e të rriturve”, ndërsa të rinjtë janë të pranishëm vetëm nëse është lajm, zakonisht i keq “, thotë Trajkoska.
Gjatë krijimit të përmbajtjes së marketingut për të rinjtë, sipas Dujak, më të rëndësishme janë hulumtimet përpara se të fillojnë të krijohen konceptet e komunikimit.
“Mendoj se ka shumë brande që ende nuk mund të kuptojnë se sa janë të përparuar të rinjtë e sotëm sa i përket këtij lloji të komunikimit, dhe thjeshtë, ky nënvlerësim mund të sjellë pasoja të rënda.” Pa bërë një studim thelbësor të interesave, shprehive, mënyrës së jetesës dhe komunikimit të të rinjve, do të fitohet vetëm edhe një komunikim gjatë së cilit fryma rinore do të pasqyrohet përmes patinatorëve dhe artistëve të grafiteve, me përdorimin e termave si “bëhu kull, bëhu pjesë e ekipit tonë”, konsideron ajo.
Ivana Smilevska
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.