Од Сојузот на средношколци упатија реакција поради ветената, а неисполнетата мерка за бесплатните производи за менструална хигиена кои им следуваа на скопските средношколки.
Оттаму велат дека многупати се случувало средношколките сами да се организираат за да донесат производи за менструална хигиена во средните училишта.
„Имајќи предвид дека производите за менструална хигиена не се никаков луксуз, туку апсолутно насушен продукт, Сојузот на средношколци го поддржува принципот истите да се нудат бесплатно во средните училишта низ цела Македонија – и секако, конректната мерка во Градот Скопје“, велат од Сојузот.
Од таму велат дека го поздравуваат двојното зголемувањето на буџетот за бесплатни производи за менструална хигиена за 2023 година во Скопје и ги повикуваат градските институции да ја спроведат оваа мерка, која е против т.н. розева такса.
„Ги повикуваме сите одговорни лица да преземат конректни полиитки за намалување на менструалната сиромаштија кај средношколките. Повикуваме на политички консензус, особено кај политичарките, и бараме итно спроведување на ветените бесплатни производи за менструална хигиена во средните училишта во Скопје“, истакнуваат од Сојузот.