Сојузот на синдикати на Македонија организира протестен марш по повод 1 Мај

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за утре, 1 мај, најави протестен марш по повод Меѓународниот ден на трудот, под мотото „Здружени со иста цел“.

Маршот е најавен да започне во 10 часот и 30 минути пред зградата на ССМ во Скопје.

„Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција“, стои во најавата за настанот.

❗СИНДИКАЛЕН МАРШ❗

🕥почеток 10.30ч на 1 Mај 2021 година пред зградата на ССМ во Скопје❗

🗣Го одбележуваме Меѓународниот…

Posted by Сојуз на синдикатите на Македонија on Tuesday, April 27, 2021

Од ССМ посочуваат дека синдикалниот марш ќе се одржи со запазување на мерките и препораките за заштита од Ковид-19.